Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица, смета дека актуелниот градоначалник Петре Шилегов краде со руеше, а неговиот претходник Коце Трајановски со градење. Тој го искритикува уривањето на едната од трите галии во Вардар, кое започна вчера.
„Дали со рушење се штити јавниот интерес на граѓаните ??? Едните крадеа со градење а другите крадат со рушење. Не ми се допаѓа тоа што нерационално се потрошени стотици милиони евра буџетски пари на граѓаните, но не ми паѓа на памет да рушам нешто што е веќе направено. #ТеСакамСкопје“, напиша Камиказа.
