Магазин

По две години пауза Александра Јанева со нова балада

По пауза од две години, Александра Јанева го објави својот повратнички сингл „Денот што ни носи“.

Песната е заедничко авторско дело на Лазар Цветкоски и Александра Јанева. Емотивната видео-приказна за песната ја направи Ѓорги Вацев.

„Денот што ни носи“ беше премиерно изведена на 36-тиот Фестивал на забавни мелодии Макфест и се закити со награда најдобар аранжман.

Во продолжение уживајте во најновата песна на Јанева:

На почеток