Актуелно

Марина Туцаковиќ го напиша текстот на една од најтажните песни на Тоше

По тешко боледување на 67 -годишна возраст почина музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ.

Таа напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија, како на Здравко Чолиќ, Индира Радиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас… но и на нашиот Тоше Проески.

Приказната за оваа песна ја раскажал затвореник кој издржувал казна откако го убил љубовникот на неговата жена. Тој напишал стихови и ѝ ги испратил на менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ. На Љиљана и на Тоше им се допаднала приказната, а менаџерката на Тоше ѝ ги испратила на Марина, која ја направила финалната верзија на текстот.

Песната „Соба за тага“ се најде на албумот „Ако ме погледнеш во очи“ од 2002 година. Тоа е третиот албум на Тоше, кој беше издаден и на македонски и на српски јазик.

На почеток