Магазин

Цеца по смртта на Марина Туцаковиќ: Таа е некој што ми даде идентитет

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ денеска на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, изјави дека се уште е во шок по смртта на Марина Туцаковиќ.

– Се уште сум во шок. Иако беше во многу лоша здравствена состојба, и не е изненадувачки сето ова што се случи, но е многу тешко. Многу ме боли, чувствувам притисок на градите како да ќе се задушам – рече Цеца на почетокот на разговорот.

– Марина за мене напиша 120 текстови. Таа е некој што ми даде идентитет, кој ме сакаше безусловно. Едвај зборувам – рекла Цеца.

На почеток