На 24.09.2021 во 07,20 часот на граничен премин „Богородица“ од полициски службеници биле приведени Х.Б.(30) и Х.М.(38) двајцата од Р.Косово кои биле сопатници во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.А.(61) од Скопје, затоа што при пасошка контрола пријавените приложиле фалсификувани патни исправи.
Лицата се предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.
