ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе објави на нова афера. И овојпат, таа е поврзана со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тие велат дека со аферата ќе се даде одговор на повеќе прашања, кои ги објавија и јавно.
„Зошто градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов има богатство за кое нема покритие како е стекнато? Како тендерите на град Скопје секогаш завршуваат со најскапата понудена понуда? Како градот ги мести тендерите? Кои се омилените компании на Шилегов? Во 11.30 часот ќе обелодениме докази за аферата “Профитер”. Следете!“, објавија од ВМРО-ДПМНЕ.
Објавата на оваа афера ја закажаа за денеска.
