Скопје

Украден автомобил од сред Скопје

Вчера нешто по 19 часот во полициската станица во Аеродром, 61-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 19:00 часот на 21.09.2018 година до 17:30 часот на 28.09.2018 година, од паркинг на булевар „АСНОМ“ во Скопје, непознат сторител одзел товарно возило „Рено Мастер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, велат од полицијата.

Од МВР додаваат дека се преземаат сите мерки за пронаоѓање на возилото, но и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток