Охрид ги живее последните туристички денови за оваа сезона. Полека но сигурно, градот се празни од туристи, иако, викендов посетители имаше. Голем дел од нив, домашни туристи кои имаат свои станови и престојувалишта во градот. Но, кејот, речиси и целосно е празен. Угостителските објекти работат со намалено темпо, а плажите се користат само за мали пладневни прошетки. Сепак, Охрид се полни и за време на есенските и зимски месеци. Тогаш, најчести посетители се домашните туристи кои одат за време на продолжените викенди.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесува 136 291, од кои 66.4 % се домашни туристи, а 33.6 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јули 2021 година изнесува 618 314, од кои 83.0 % се од домашните туристи, а 17.0 % од странските туристи.
Во периодот јануари – јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 56.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 56.6 %, а кај странските зголемувањето е за 56.6 %.
Во периодот јануари – јули 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 46.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 36.4 %, а кај странските зголемувањето е за 79.0 %.