Македонија

Полицијата фати 17 пијани возачи во Тетово

Вчеравечер (26/27.09.2021), од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани биле 17 возачи (ТЕ-13 и ГВ-4) кои управувале возила под дејство на алкохол.

Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. На почетокот на изминатиот викенд на ова подрачје спороведена е и акциска контрола за прекршоците што ги прават мотоциклисти, при што биле констатирани вкупно 37 прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-20). Од нив 30 (ТЕ-10 и ГВ-20) се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем, 6 мотоциклисти управувале без возачки дозволи (ТЕ), а 1 (ТЕ) мотоцикл бил нерегистриран.

На почеток