Министерството за внатрешни работи минатата недела спровело контрола за санкционирање возила на кои им се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани биле 25 возачи.
Од Министерството порачуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.