Актуелно

Приведена Каролина Ристова-Астеруд на аеродромот во Скопје

Професорката Каролина Ристова-Астеруд вчера била приведена на скопскиот аеродром.

„Во 02:30 часот во Меѓународниот Аеродром – Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно и дрско однесување и со навредување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. И бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, стои во билтенот од МВР.

Таа на Фејсбук потврди дека била приведена, но вели дека инцидентот започнал поради незјин обид да пријави сомнителна торба.

„Точно е дека имаше голем и сериозен инцидент, како и дека бев приведена со лисици во полициската станица на аеродромската полиција, и држена таму цела ноќ, докај 7 часот наутро вчера, повеќето време “оставена” на клупа со лисици, како небаре не сум таму, а , од тоа што видов , инволвираните се собраа за да се “искоординираат”, најверојатно за нивната верзија за во записник, како за тоа што најавив правна акција од мене , а и бајаги по телефони, а од тоа што случајно слушнав не беше баш за професионалниот дел ( “ма и на министерот да му се јави, многу ми е гајле, ништо не ми може”). Ударно, сакам да и соопштам на јавноста дека не е точно дека било во врска со мое одбивање да покажам потврда за вакцинација. Целиот инцидент започна по поминување на пасошка контрола, и заради мој обид за пријавување на сомнителна торба ( во аеродромски услови тоа подразбира и торба која е оставена сама) во делот на превземање на багажот од страна на патниците“, објаснува професорката.

Таа вели дека обвинувањата што се на нејзина сметка треба да одат на страната на дел од полициските службеници од граничната полиција.

Најави дека случајот ќе го пријави во внатрешната контрола на МВР.

На почеток