Денеска (27.09.) полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 32 возачи. Од нив 16 на територија на Велес, 10 на територија на Кавадарци, шест на територија на Неготино… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Казнети 32 возачи во Велес, возеле пребрзо
Од
Објавено на