Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Охрид, кажа виц за премиерот Зоран Заев.
„Заев во едно населно место и вели кажете ми два проблеми кои сакате да ви ги решам. Тие рекле, овој градоначалников не лажеше дека ќе направи водовод. Заев почнал да врти телефони и така половина час, тие го гледаат замислено, и после спушта слушалка и вели првиот проблем е решен. Кој е вториот проблем? Граѓаните велат вториот проблем е што нашава општина нема мрежа за мобилни телефони, па ако може тоа да го решите. Ете така почитувани мои, ќе изгледаат овие избори. Овој пат, нема да може да излажат зашто сите знаат дека не може да им се верува“, вели тој.