И во четвртата изборна единица, СДСМ и коалицијата се силни, убедливи фаворити. За четвртата изборна единица ја имаме најдобрата кадровска понуда претставена преку следните кандидати:
Коста за Струмица, Горан за Прилеп, Никола за Радовиш, Благојчо за Конче, Перо за Валандово, Сашко за Гевгелија, Анго за Дојран, Благојчо за Богданци, Тони за Неготино, Горан за Кавадарци, Лазар за Демир Капија, Јасмина за Могила, Љубе за Новаци, Стојан за Росоман, Зоран за Босилово, Марјан за Василево и Звонко за Ново Село, вели Филипче.
„Ова е нашата понуда и тврдам дека е подобра од целата опозиција заедно. Овие луѓе се докажани професионални, секој во својата сфера на функционирање.
Добар дел од нашите кандидати се повторни кандидати и тоа е така поради тоа што граѓаните ја одобруваат нивната работа и ќе им дадат повторно поддршка. Го имате најдоброто за вас, вашето семејство, вашето маало, вашата општина. Имате можност да ги изберете најдобрите луѓе.
Со гласот може да избереме заедништво, развој, многу работа, просперитет, модерни и европски општини. Тоа ќе ги победи поделбите, лажните вести и антиваксерството. Немам дилема дека на 17 октомври сите ќе го направиме вистинскиот избор. Напред во голема победа“, додаде тој