Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесена е кривична пријава против Н.Д.(45) од Скопје, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на 07.03.2021 во с. Долно Лисиче, скопско, со намера да се стекне со противправна имотна корист, на оштетениот В.Ц. од Скопје му се претставил како превозник-трговец со огревни дрва, нудејќи му огревни дрва по поволна цена, ако му позајми 14.500 денари за да ја замени гумата од камионот, на кој му се натоварени дрвата за продажба. Откако ги земал парите, Н.Д. ниту донел дрва, ниту се јавувал. На тој начин го довел во заблуда оштетениот, кој му ги дал парите и еден мобилен телефон на пријавениот, со што Н.Д. се стекнал противправна имотна корист од околу 20.000 денари.