Македонија

Полицијата за неколку саати напиша стотици казни во Битола и Струмица

На 28.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 81 мерки против возачи, од кои 63 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 18 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 18 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 28.09.2021 во периодот од 13.00 до 19.00 часот, СВР Струмица спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 51 прекршок, од кои 1 возач управувал возилo со брзина поголема од 50 километри на час повеќе од дозволеното. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

На почеток