Македонија

Се надевам дека ја сфаќате сериозноста на чинот, Колев од ГДУ бара одговорност за обејежјето поради кое добивме протестна од Бугарија

Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократската Унија испрати творено писмо до Зоран Заев, Оливер Спасовски, Љубомир Јовески во врска со променувањето на спомен обејежјето во село Клепач, прилепско.

„Верувам дека веќе сте информирани од страна на вашите соработници за грдиот акт на отстранување на спомен обележјето посветено на војводата Велко Скочивирчето (Скочивирски) и комитите од дворот на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“ во селото Клепач, прилепско. Искрено се надевам дека ја сфаќате сериозноста и последиците од овој (најнов) чин на варварство, мотивиран од омраза“, стои во отворено писмо.

„Верувам дека сте свесни оти времето за вербални заложби за еднаквост, општество за сите и сл. одамна помина и сега се потребни дела а не зборови.Досегашната рамнодушност на институциите и континуираната стигматизација кон одредени граѓани на земјава само ги мотивира насилниците да ја манифестираат својата деструктивност, знаејќи дека таквото поведение нема да биде санкционирано. Моето обраќање до вас е мотивирано од надежта дека конечно институциите на системот ќе проработат и во најскоро време сторителите ќе бидат исправени пред лицето на правдата, а спомен обележјето вратено таму каде што му е местото“, се додава во него.

На почеток