„Ако Шилегов не може да поверува во проектите кои ги нуди кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, тогаш тоа е негов личен проблем и тука му нема помош.
Граѓаните препознаваат што се проекти од нивен интерес и затоа ќе ја поддржат Данела Арсовска.
Очигледно за неработникот и неспособен Шилегов е неверојатно дека некој може да вети и да оствари капитални инвестиции во Скопје, бидејќи тој покажа дека ниту знае ниту има капацитет. Негововите ветувања од минатите избори за тунели под Кале, зип лајн, забавен парк, почист воздух, булевари мостови, останаа големи лаги.
Епа Шилегов после победата на Арсовска ќе видиш што е мандат со посветена работа и дела, а не лаги и неспособност каков што беше твојот промашен мандат“.
Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Петре Шилегов