Скопје

Арсовска и Шилегов цел ден се „препукуваат“, откако реагираше тој, се јави повторно и таа

Кандидатката Данела Арсовска реагираше по реакцијата од кандидатот Петре Шилегов:

Проектите кои се дел од мојата програма нудат брзи, сигурни, професионални решенија за проблемите со кое се соочуваат сите мои скопјани. И тоа ни е потребно веднаш, не за 10 или 20 години.

Незнаењето, мрзливоста и ароганцијата не му дозволуваат на Петре Шилегов да погледне пошироко од својата политичка матрица и политичка кариера. 4 години имавме градоначалник од кој не видовме ниту еден реализиран проект, освен обиди за нешто во последните неколку месеци. Изгубени во сопствената мрзливост, незнаење и фалбаџиство. Шилегов ветуваше нова гимназија, едно јаболко на секој средношколец, но нема ниту гимназија а уште помалку средношколците добија јаболко. Шилегов вети гасификација, нема реализација. Јавното сообраќајно претпријатие континуирано работи со загуби, и тоа дури 139 милиони. И истиот тој Шилегов ме обвинува мене дека ЈСП ќе биде во загуба. Мојот проект не е утопија, тоа е реалност. Вакви проекти има низ многу градови во Франција, Естонија, Луксембург. Скопјани заслужуваат модерен, брз и сигурен град,
Со добро менаџирање на средствата ќе имаме ефикасни решенија.

На Скопје му треба менаџер, а не политичар. На Скопје му требаат брзи и сигурни решенија. На Скопје му треба некој кој секојдневно се соочува со пробелмите и кој заедно со скопјани ќе најде решение за истите да ги реши. Доста ни е од лажни ветувања.
И јас и скопјани сакаме да ги промениме работите и не смееме да се откажеме. Само со силна борба ќе создадеме надеж дека ќе се придвижиме кон подобро.

На почеток