Свет

(ВИДЕО) Голем пожар во англиска зоолошка градина, загрозени 21.000 животни

Во Честерската зоолошка градина во северозападна Англија, во тек е евакуација откако избил поголем пожар.

Црниот облак се надвил над домот на 21.000 животни, а на Твитер посетителите тврдат дека пожарот се влошува и голта се пред себе, избивајќи на повеќе места околу градината.

-Со брзината со која пламенот расте, би се зачудил ако преживеат сите животни, напишал еден од посетителите.

Посетителите и животните се гушат, додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток