Свет

Жена и маж го загубија животот за време на протестите на „жолтите елеци“

За време на денешните протести на „жолтите елеци“во Франција во градот Соасон животот го загуби една жена.

Жената го загубила животот при судир на два автомобили, кога едниот од нив се обидел да ги заобиколи бариерите поставени поради демонстрантите.

Исто така белгисктата полиција денес соопшти дека и маж со својот автомобил удрил во ка камион со кој демонстрантите го блокирале патот на француско-белгиската граница, при што го загубил животот.

Со ова бројот на жртвите од овие протести се исккува на седум.

Протестите во Франција траат од 17 ноември, а според податоците од француските медиуми, до сега уапсени се повеќе од 4 500 лица, од кои 4 100 се се уште во затвор.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток