Свет

Путин против рап музиката: Тие стихови промовираат дрога, секс и бунт

Загрижен поради големата популарност на рап музиката меѓу младите, претседателот на Русија, Владимир Путин, побара од претставници на Министерството за култура да развијат средства за контола, наместо да ја забранат таа музика.

„Доколку тоа е невозможно да се запре, потребно е да управуваме и насочуваме“, рекол претседателот на Русија.

На денешната средба со советниците за култура во Кремљ, Путин рече дека обидите да им се забрани настап на изведувачите ќе имаат негативен ефект и ќе ја зајакнат нивната популарност.

Исто така Путин додаде дека рап музиката се темели на три столба: секс, дрога и протест и додал дека тоа е пат кон деградација на нацијата.

Рускиот претседател посочил дека промоцијата на наркотици е уште полоша од пцуењето во песните.

Неговите коментари доаѓаат во време кога се актуелни руските мерки против современата музика, кои многумина ги споредуваат со цензурата на уметноста во советската ера.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток