Задржување на зеленилото наместо бетонизација, Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата најави ревидирање на сите преостанати ДУП-ови кои останаа недонесени или неусогласени со Градскиот урбанистички план. Герасимовски во вечерашното гостување на „Само Вистина“ на Канал 5 потенцираше дека од 33 ДУП-ови 9 се ревидирани.
„Од тие девет ревидирани ДУО-ви може да се пофалиме дека 14 000 м2 се задржани во зеленило наместо во бетонизација како во го имаа нацртано претходно ВМРО-ДПМНЕ. Имаме нов памп-трак кај Олимписки базен наместо хотел. Приоритет ни се ДУО-овите за да го задржиме јавното добро да ги намалиме катностите каде не се потребни“, рече Герасимовски.
Тој пред граѓаните се обврза дека по 17 октомври во делот на урбанизацијата нема да отстапи ниту педа од државното земјите и секое државно земјиште ќе биде или градинка, училиште или културен центар, рече Герасимовски. Приоритет за ревидирање на ДУО-овите според Герасимовски се оној во Буњаковец и Дебар Маало.
“Ова не е време на ВМРО-ДПМНЕ кога во три часот наутро се менуваат ДУП-ови и се цртаат згради туку има јавни анкети каде што граѓаните имаат целосен увид во сите ДУП-ови пред тие да се донесат. ВМРО-ДПМНЕ измени 10 ДУП-ови за да цртаат згради на одредени локации со Скопје 2014. Таков начин е недопустлив за еден град и ние ветуваме дека за секој поголем проблем ќе има одредена комисија составена од стручни лица од урбанизмот, архитекти кои ќе дадат предлози дали тие треба да се градат и на кој начин се архитектонски издржани“ потенцираше Герасимовски.