На отворањето на седиштето на ДУИ во Чаир, при застанувањето на Изет Меџити на говорницата, може да се види како учесник на митингот неколку пати пука од огнено оружје, на тој начин загрозувајќи го животот на присутните.
Според видеото кое го објави “Плусинфо”, може да се заклучи дека истрелите се во знак на поддршка на Меџити кој во тој момент држи говор.
Засега нема официјална реакција од Министерството за Внатрешни работи во врска со овој случај.