ВМРО-ДПМНЕ се бори за самостојна и суверена Македонија а СДСМ и ДУИ се бореа да ги задоволат туѓите интереси на штета на граѓаните, вели владејачката партија


ВМРО-ДПМНЕ во соопштение вели дека нема да дозволат повторно македонскиот идентитет да биде предмет на политички пазарења.
„Оваа Влада ќе ја исправи државата на патот на вистинските европски вредности, со зачувување на нашиот јазик, култура и национален идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Бујар Османи и Зоран Заев, односно ДУИ и СДСМ, направија сè што можеше за да го разнебитат македонскиот идентитет, да ја распродадат државата и да ги прифатат сите уцени што ни беа поставени однадвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Бујар Османи и Зоран Заев, односно ДУИ и СДСМ, направија сè што можеше за да го разнебитат македонскиот идентитет, да ја распродадат државата и да ги прифатат сите уцени што ни беа поставени однадвор. Додека ВМРО-ДПМНЕ се бори за Македонија како самостојна и суверена држава, СДСМ и ДУИ се бореа како да ги задоволат туѓите интереси на штета на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно македонскиот идентитет да биде предмет на политички пазарења. Оваа Влада ќе ја исправи државата на патот на вистинските европски вредности, со зачувување на нашиот јазик, култура и национален идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ”.
„Овие срамни ликови и ентитети не само што се согласија македонскиот јазик да биде ставен под прашање во рамките на преговарачкиот процес, туку и ја прифатија срамната бугарска диктатура врз македонската историја, култура и образование. Бујар Османи, кој денес се обидува да зборува за македонскиот јазик, е истиот човек кој како министер за надворешни работи го потпиша почетокот на уцените, подготвувајќи терен за национално понижување. Заев и Османи беа тие што ја прифатија преговарачката рамка која ја загрози македонската самобитност, ставајќи ја во рацете на други држави”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
