Актуелно

Директорот на финансиска полиција се заканува дека ќе прати инспекција во Општина Сопиште, вели ВМРО-ДПМНЕ

Заев во паника од пораз ги злоупотребува државните институции за политички притисоци. Арафат со нова задача, ќе пуштал инспекции во Сопиште зошто не е негов градоначалникот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Знаат дека ќе изгубат и затоа Зоран Заев го вклучува неговиот механизам за притисоци.

Директорот на Финансиската полиција се заканува дека ќе прател инспекција на градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски и така на сила ќе го сменеле. Истиот тој Арафат пред неколку дена испорача и кривична пријава, што беше брутална нарачка од власта на градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.

Наместо програма – закани, наместо работа – злоупотреби. Затоа, жестоко ќе изгуби криминалната коалиција СДСМ-ДУИ“, се вели во соопштението.

На почеток