Македонија

Ќе продолжел развојот на општините ако се гласа за СДСМ, убедуваат оттаму

Развојот, напредокот и грижата за сите општините остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ. Во изминатите 4 години општините работеа транспарентно, напорно и вредно, со силна поддршка од централната власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. За само 4 години СДСМ реализираше над 7.000 проекти на локално ниво, дела коишто се основа од која тргнуваме одново да ја добиеме довербата од граѓаните, дела кои го менуваат животот на подобро во секое населено место.

Таа силна динамика мора да продолжи, бидејќи од реализираните проекти зависи квалитетот на животот на нашиот народ. Колку поразвиени општини има во државата, толку е подобар животот на граѓаните. СДСМ ги има најдобрите проекти, најдобрата понуда што носи развој на општините и подобар живот за сите. СДСМ четири години го дава најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина и тоа ќе продолжиме да го правиме и во наредните четири години.

Соопштение на СДСМ

На почеток