Скопје

На Бит Пазар, во Чаир и во Тетово се апсеше ноќеска, поради дрога – има и малолетници

На 29.09.2021 во 23.30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода бил лишен Н.Х.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.09.2021 во 22.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Д.(21), Ј.С.(18), М.П.(20) и 17 – годишник, сите од Скопје, затоа што при извршен претрес кај Г.Д. била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (30.09.2021) околу 08.15 часот во тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(25) и Б.К.(53), затоа што при претрес во нивниот дом во ова село, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На почеток