Малиот канарски остров Ла Палма порасна за 10 хектари по неколкудневна вулканска ерупција.
Вулканот започна да еруптира на 19 септември, за прв пат по 50 години.
Во вторникот вечерта, лавата стигна до морето, слегувајќи најмалку 100 метри по стрмниот брег и испуштајќи отровни гасови.
Откако стапи во контакт со Атлантскиот Океан, лавата, која има температура од околу 1.000 степени Целзиусови, почна да се намалува и веќе формираше мал полуостров широк околу 500 метри, покажува видеото објавено на Твитер од шпанскиот истражувачки институт CSIC.
La isla de La Palma crece. Imagen de la plataforma de medio kilómetro de ancho ganada al mar por la colada, que genera nubes de gases en contacto con el agua.
Autor: Manuel Nogales, investigador del @IPNA_CSIC pic.twitter.com/LsW7BybBXX— CSIC (@CSIC) September 29, 2021
Температурата на океанот е 20 степени.
Полицискиот час, кој беше воведен во четири околни области со вкупно околу 300 жители, во моментов останува во сила како мерка на претпазливост, објави државната телевизија РТВЕ.
Вулканолозите нагласија дека излевањето на лавата во морето донекаде ја ублажи ситуацијата на островот, намалувајќи го ризикот од ширење на лава на копното, според РТВЕ.
Досега, околу 800 згради на островот се уништени или оштетени од ерупцијата, објави Ла Вангуардија.
Во меѓувреме, воздушниот сообраќај од и кон Ла Палма е повторно воспоставен, а неколку авиокомпании најавија летови за в четврток.