Актуелно

Хрватска ќе изврши ревизија, дали луѓето починале од ковид или со ковид

Во Хрватска ќе се изврши ревизија на смртните случаи со цел да се утврди колку новиот корона вирус беше директна и непосредна причина за смртта, објави денеска министерот за здравство, Вили Берос.

– Ова е прашање што се појави од почетокот на пандемијата,  дали луѓето починале од ковид или со ковид – изјави Берос пред новинарите во Загреб, објави Хина.

Министерот, исто така, рече дека во понеделник ќе отиде во болниците со своите државни секретари за да ја следат примената на дозволите за коронавирус.

На почеток