Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Москва е свесна за извештаите дека Таџикистан и Авганистан испратиле војници на нивната заедничка граница и ги повика двете земји да го решат спорот на заемно прифатлив начин, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на РИА Новости.
Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон одби да ја признае новата влада формирана од Талибанците во Кабул, а деталите за конкретните извештаи што Москва, која исто така има своја воена база во оваа земја, с уште не се познати.
Вчера, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изрази загриженост поради авганистанските пилоти и друг обучен персонал во САД, кои моментално се во Таџикистан, откако минатиот месец побегнаа со десетици воени авиони преку границата од Авганистан, кога Талибанците ја презедоа власта.