Македонија

Казнети 62 возачи поради непрописно престигнување

Денеска (30 септември) од 08 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за престигнување, во рамките на која вкупно биле откриени 62 прекршоци ( 28 на територија на Тетово и 34 на територија на Гостивар). Сите прекршоци се санкционирани со адекватни поднесоци. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток