Македонија

И ова го има: Диви лавови се чуваат по дома во Македонија, полицијата треба да ги најде

Македонски граѓани на фејсбук постираат слики од себеси со младенчиња од лав. Според здружението „Анима Мунди“ вакви слики имало неколку во последните денови.

„ИТНО бараме надлежните институции да спроведат истрага и да ги најдат и најстрого казнат сите оние кои во последните неколку дена се сликаат со младенчиња од лав како да се експонати, титули наместо диви животни заштитени со закон!
Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав?
Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?“, стои во објавата на Фејсбук.

На почеток