Скопје

Ѓорѓиевски: Имаме четири години заспана општина, сметам дека имам цел да му служам на мојот народ со нова енергија посветено

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски, во денешното соочување со останатите кандидати за градоначалници во Телевизија 24, посочи дека неговите приоритети се отворена и транспарентна општина, целосна дигитализација на услугите, создавање на сектор за ИПА фондови, како и ревизија на сите ДУП-ви досега донесени.

-Имаме четири години заспана општина, имаме градоначалник кој повеќе беше во канцеларија отколку меѓу граѓаните, јас сметам дека имам цел да му служам на мојот народ со нова енергија посветено, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски вели дека еден од неговите приоритети ќе биде зголемување на транспарентноста на општината, таа да биде отворена за сите граѓани, исто така планира ревизија на претходното работење, односно конкретно ревизија на сите урбанистички планови во минатото, како и да се стопираат сите издадени дозволи за градба, со што на истите би се направило ревизија исто така, истакна Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека веднаш по стапувањето на власт ќе создаде одделение за ИПА фондови, затоа што во моментов како општина имаме искористено нула финансиски средства од ЕУ со години наназад, ќе се започне и со целосна дигитализација на процесите во општината, за кога граѓаните поднесат било какво барање електронски истото да можат да го следат и да им биде одговорено електронски, вели Ѓорѓиевски.

На почеток