Скопје

Стојаноски: Глас за Александар Наумоски е глас за Зоран Заев, Катица Јанева и цела криминална клика на власт

„Се наоѓаме во кампањата за локалните избори кои што треба да се случат на 17 октомври. Овие локални избори за разлика од претходните ќе имаат малку поширок контекст и малку посериозна тежина. На овие локални избори ние треба да го дадеме одговорот, дали сакаме СДСМ и Зоран Заев уште четири години да бидат власт во Република Македонија. Треба да знаете дека глас за Александар Наумоски и глас за СДСМ е глас за оние кои го променија името на Република Македонија, глас за оние кои склучуваат договори против идентитетот на Република Македонија. Глас за Александар Наумоски е глас за Зоран Заев, Катица Јанева, Ден Дончев, Драги Рашковски и за целата онаа криминална клика која што е моментално на власт“, рече Бојан Стојаноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

„Ние треба да излеземе и да се изјасниме дали сакаме овие луѓе да бидат уште четири години власт во Република Македонија. Затоа треба да бидеме мудри и на 17-ти октомври, референдумски да излеземе и да ја дадеме поддршката за луѓе кои што проверено знаат да работат и да создаваат повеќе за нашата општина и за нашата средина. Да излеземе да создадеме нова иднина и да покажеме дека сите заедно заслужуваме повеќе од ова што го имаме сега. Иднината е тука, ние можеме да ја создадеме, да гласаме за луѓето кои што знаеме дека ќе го променат ова секојдневие во кое што сме присутни“, додаде тој.

На почеток