Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир дава вистински пример за тоа како проблемот со кучињата бездомници може ефикасно да се реши во Северна Македонија. Во Чаир веќе започна акцијата за собирање кучиња бездомници, активност што беше најавена од градоначалникот на Чаир и кандидат на ДУИ за следните 4 години, Висар Ганиу, пред два дена со потпишување на Меморандум за соработка со Здружението ” Happy Shelter “. Акцијата за собирање кучиња бездомници се одвива на целата територија на Чаир од каде пристигнуваат пријави за нивно присуство.
Пример е со граѓаните на Топанско Поле, кои пријавија присуство на кучиња бездомници и мобилната екипа на „ Happy Shelter“ веднаш реагираше со собирање на кучињата од улица и нивно засолнување со соодветен третман.
Во центарот „ Happy Shelter “, кучињата ќе бидат третирани според законот до посвојувањето.
„Им благодарам на граѓаните и Центарот Happy Shelter што ни помага да го решиме ова прашање на достоинствен начин“, изјави во оваа прилика првиот човек на Општина Чаир, Висар Ганиу.