Македонија

Претседателот на Собранието, Џафери, упати сочувство до семејството на градоначалникот Стојаноски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати сочувство до семејството на починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.

„Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да изразам искрено и длабоко сочувство до вас, неговото најблиско семејство, до пријателите, соработниците во општина Охрид, колегите и студентите од Факултетот за туризам и угостителство, до сопартијците и граѓаните на град Охрид.

Заминувањето од овој свет на човек со таков интелектуален капацитет, висок професионалец во секоја сфера во која даде свој придонес, човек во полна смисла на зборот, одговорен татко и заштитник на градот, е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Охрид, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него, меѓутоа е и огромна загуба за нашето општество.

Почивај во мир почитуван“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток