Македонија

Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, Алијанса на Албанците и Беса со напади кон Зоран Заев

Алијансата за Албанците и Движењето Беса бараат од премиерот Зоран Заев да ја повлече изјавата за формирањето на војската во Косово. Според партијата на Зијадин Села, со последниот став, дека одлуката за формирање на војска во Косово е избрзана „само го покажува црното и националистичко лице на премиерот Заев, најпрвин против Албанците и Косово, но и кон САД како главни поддржувачи на основањето на Војската на Косово.“

„Овој речник на Заев за Војската на Косово го става под знак прашалник и неговиот однос кон САД, бидејќи едно Косово без војска ќе им одговараше само на Србија и Русија. Затоа, премиерот Заев е добро да го гледа својот двор и да ги спроведе потребните реформи во Македонија и да не се меша во внатрешната политика на државата на Косово. Алијансата на Албанците бара од премиерот Заев што побрзо да ја повлече својата изјава и да му честита на Косово во името на Македонија“ – се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.
За движењето Беса предводено од Билал Касами, Избрзаната изјава на премиерот Заев е навредлива за една слободна држава.

„Движењето Беса бара од премиерот на земјата да се дистанцира од оваа скандалозна изјава и да бара јавно извинување, кога се знае дека формирањето на војската на Косово ја има и силната поддршка од САД. Неговата изјава го одразува вистинското лице на „мултиетничката“ Македонија, ги прави да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дадоа полн мандат за да владее, а не за да зборува глупости и национал-комунистички варваризми“ – се вели во реакцијата на партијата на Билал Касами.

Инаку одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот во целост. За понеделник, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово. Москва инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон се противат. Се очекува на седницата да присуствува и српскиот престедател, кој тврди дека содавањето на косвската војска е во спротивност на резолуцијата 12 44 , но и на уставот на Косово. Се очекува на седницата да се отворат длабоките конфронтации мегу големите сили за ова прашање.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток