Магазин

Северина пак доби тужба: „Овој има своја дијагноза“

Хрватската пејачка Северина (49) ја продолжува долгата судска битка со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ за синот Александар. Таа на својот инстаграм-профил објави дека Милан повторно ја тужи.

„Добро утро, екипо! Како ви почна денот? Моите утра почнуваат со тужби. Добив уште една тужба од човекот што поднесе над 70. Со тек на време ќе ги објавам сите. Бесмислениот спор има своја дијагноза. Најчесто во тужбата го оправдува судијата што ми го одзеде детето. Завчера добив тужба за ‘Инстаграм’. Како почнува вашето утро? “, напиша таа.

На 29 август, за време на концертот во Црна Гора, Северина пред присутните рече дека детето ѝ се вратило дома.

Подоцна објасни дека добила заедничко старателство над синот Александар, кој претходно живееше со татко му во последните 20 месеци. Веста беше потврдена и од нејзиниот адвокат Мате Матиќ.

На почеток