Магазин

Скоро 3 милиони тони кафе лани увезено во ЕУ

Европската унија лани увезе 2,9 милиони тони кафе во вредност од 7,5 милијарди евра, објави Евростат по повод Меѓународниот ден на кафето.

Најмногу кафе е увезено од Бразил, од каде пристигнале 933.000 тони во ЕУ, или 32 проценти од вкупниот извоз надвор од Европската унија, а следен на листата на земји од кои најмногу увезено кафе е Виетнам со 642.000 тони или 22 проценти од вкупниот увоз.

Од сите земји на ЕУ, најголемите количини кафе се увезени во Германија, 1,1 милиони, потоа Италија 559.000 тони и Белгија 309.000 тони.

Кога станува збор за производството, ЕУ лани произведе повеќе од 1,9 милиони тони, најголемиот дел во Италија, која произведе 616.000 тони печено кафе, потоа Германија со 571.000 тони.

На почеток