Машиновозач и камионџија се повредени при судир на патнички воз и камион на железничкиот премин во Пожега, Хрватска.
Тие биле пренесени во болница, потврди за Хина портпаролката на Полициската управа на Пожешко-Славонија, Николина Јанковиќ.
Според резултатите од полициската истрага, возачот на камионот се движел во колона и го запрел возилото на преминот преку пругата во моментот кога рампата се симнувала.
После тоа, налетал патнички воз и го удрил товарниот дел од камионот, во кој имало градежен материјал.
Поради кршење на Законот за безбедност во сообраќајот, полицијата ќе поднесе прекршочна пријава против возачот на камионот.