Македонија

Тасевски: Да се најде и казни оној кој ги оштети бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга

Откако во Струга беа оштетени бистите на двајца македонски поети, Анте Поповски и Славко Јаневски, се јави и Тодорче Тасевски, директор на Струшките Вечери на Поезијата (СВП).

„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на сквернавење на бистата на еден од најистакнатите македонски поети Анте Поповски, којашто беше откорната и фрлена во крајбрежјето. Настанот е пријавен во полиција, извршен е увид и очекуваме сторителот да биде најден и против него да биде поднесена пријава. Апелираме за елементарна почит кон ликот и делата на македонските поети што се вградија во основањето на еден од најпознатите светски поетски фестивали. Не сакаме да претпоставиме дека аналфабетите вандали што го извршија овој чин воопшто имаат претстава дека денес, на 1 октомври се навршуваат 18 години од смртта на Анте Поповски, напиша Тасевски на Фејсбук.

На почеток