Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука континуирано покажуваат вистинска грижа за унапредување на студентскиот стандард и младинските политики, потврда за тоа се бројните стимулативни мерки и политики кои успешно се реализираат кон студентите, велат од СДСМ.
„Во таа насока е и првата исплата на субвенционираниот студентски оброк кон студентите кои аплицираа на првиот рок на повикот за субвенциониран студентски оброк.
Вчера на своите трансакциски сметки студентите ги добија првите средства во износ од 1.440 денари. Оваа исплата е за периодот од 15 септември, кога стапи на сила законот со кој е регулирано ова право, до 1 октомври 2021 година.
На 17.836 студенти исплатени им се вкупно 25,7 милиони денари.
Исплатата ќе продолжи да се реализира согласно одредбите од Законот за субвенциониран студентски оброк, поточно во првата недела од секој тековен месец, а ќе се однесува на изминатиот месец, со цел да се провери статусот на студентот, односно дали тој и понатаму ги исполнува условите за користење на правото на субвенција, препорачана за купување здрави оброци.
Паралелно тече и вториот рок од Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој трае до 31 октомври и се однесува на сите новозапишани студенти, но и на оние кои ги исполнуваат условите, но не успеале да се пријават и да го остварат ова право во првиот рок.
Субвенционираниот студентски оброк е системско решение на Владата предводена од СДСМ, кое има за цел да им го олесни животот на младите за време на студирањето, односно добиваат 2.400 денари девет месеци во годината.
Вложувањето во унапредување на студентскиот стандард на младите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата.
Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме да креираме и реализираме квалитетни мерки и политики кои се во интерес на младите луѓе“, се вели во соопштението.