Коментари

Лазаров: Сите невакцинирани се коцкате скапо, ќе се покаете за грешката, но доцна

Доктор Ненад Лазаров н социјалите мрежи објави статус во кој вели дека сите оние кои не се вакцинирале и се разболеле, се покајале за грешката.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Сите што не се вакцинираа и разболеа особено во последниов бран, сите се покајаа за грешката, но доцна.
Се манипулира со моментот дека и покрај вакцината можеш да се разболиш, можеш-неспорно е и гледаме,
НО, со цело свое достоинство и интегритет ве уверувам дека неспоредливо полесно поминуваат вакцинирани пациенти,тоа го гледаме на дневна база!
Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо!
Апсурдно е стравот од вакцини да го надвладее стравот од ковид, не дозволувајте лошиот менаџмент на целата криза и катастрофален PR да ве стави во неповолна позиција каде животот ви е директно загрозен, во светот се моли за вакцини на многу места“, стои во објавата на Фејсбук.

To Top