Македонија

(ВИДЕО) Казните и поставувањето на полиција на секој чекор даваат резултати: За 73 отсто намален бројот на жртви во сообраќајот

Сектор за односи со јавност и протокол

За 73 отсто намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021, продолжуваат засилените контроли (ВИДЕО)

За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021, соопштија денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.

Според претседателката Кожуваровска, евидентно е дека кампањите што заеднички ги спроведуваат РСБСП и МВР даваат резултати.

„Заврши летната кампања која беше под мотото „Вози одморен“ која ја реализираа РСБСП И МВР. Оваа кампања придонесе за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15. Задоволни сме бидејќи е намален бројот на сообраќајни незгоди и неколкукратно е намален бројот на загинати лица во сообраќајни, а ќе бидеме целосно задоволни кога бројот на загинати лица во сообраќајните незгоди ќе биде нула. РСБСП продолжува со планираните активности. Во септември започна учебната година, а со тоа започна и кампањата „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.Затоа РСБСП апелира до возачите: „Бидете внимателни, внимавајте на децата во сообраќајот и намалете ја брзината во близина на училишта и градинки“. Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните! Во тек е и кампањата „Безбедно возење со трактор“. Возачите на трактори и други работни машини за да учествуваат во сообраќајот треба да поседуваат соодветна возачка дозвола и да управуваат со технички исправни и регистрирани возила“, рече Кожуваровска.

Портпаролот на МВР им се заблагодари на мнозинството граѓани кои се приклучија во напорите да обезбедиме што е можно побезбедни патишта, но и на полициските службеници, кои секојдневно даваат придонес за побезбедни патишта.

„За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите девет месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, рече Ангеловски.

За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.

„Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 368 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, а синоќа санкционирани се и 141 пијани возачи. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови“, рече Ангеловски.

На почеток