Македонија

Има ли договор меѓу партиите да се мочи за кршењето на протоколите, Заев смета дека се внимава

Премиерот Зоран Заев тврди дека нема договор меѓу партиите да се премолчува кршењето на протоколите за време на митинзите. Никој досега не бара сертификати за присуство на митинзите, иако тоа е предвидено. Заев не сакаше да коментира. Тој побара новинарите да бараат одговори од институциите, а тие молчат.

„Јас ќе апелирам за да се обратите до соодветните институции за да ви дадат соодветен одговор. Јас сум овде претседател на Влада, не сакам да одговарам за партиски работи, освен што ќе кажам, се гледа распоредот на столчињата како се изместени согласно протоколите, а секако проблемот е тоа што дополнително луѓе од страна кои доаѓаат, не ја пазат неопходната оддалеченост. Нема договори, сите ветивме дека ќе направиме се за да се почитуваат протоколите кои се донесени, имајќи во предвид дека граѓаните доаѓаат на митинзите.“, рече Заев на прашањето што прави полицијата за кршење на протоколите.

На почеток