„„Македонија-Блокира“ вчера учествуваше на сенароден македонски протест во Прилеп со Здружението „Прилепски бранители“, а денес, недела е на блокада на патниот правец Охрид – Струга кај Мислешево во периодот од 13:00 до 16:00 часот. Со овие активности „Македонија – Блокира„ започна со најавуваните протести и блокади надвор од Скопје и во други градови низ Македонија.
„Македонија- Блокира„ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.
Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на Македонија Блокира.