По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, Советот на Општина Охрид, денес одржа вонредна седница. Седницата започна со едноминутно молчење, а советниците донесоа одлука, утрешниот ден да биде ден на жалост на подрачјето на Општина Охрид.
Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за 17.12 2018 година (понеделник) се отакажуваат.
Утре со почеток во 10 часот во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница, а посмртните останки на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски ќе бидат изложени од 12 -14 часот во капелата на градските гробишта.