Фејсбук ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за речиси шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се Вотсап (WhatsApp), Инстаграм и Месинџер. Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали била планирана.
Неколкумина вработени во Фејсбук, кои побарале да останат неименувани, за западни медиуми рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на сообраќајот преку интернет.
Неисправностите на алатките за комуникација преку интернет и другите ресурси што зависат од истата мрежа го влошија проблемот, велат вработените. Безбедносните експерти не ја отфрлија можноста за ненамерна грешка, ниту за саботажа.Фејсбук и Инстаграм почнаа да се поврзуваат на интернет во понеделникот точно пред полноќ, речиси шест часа по глобалниот пад.
Фејсбук и неговите апликации „Ватсап“ и „Инстаграм“ се урнаа вчера доцна попладнето, а некои корисници на „Фејсбук“ почнаа да добиваат делумен пристап до социјалната мрежа околу 23.45 часот. Губењето на врската беше втор удар за тој гигант на социјалните медиуми во неколку дена, откако „свиркач“ во неделата ја обвини компанијата дека честопати дава предност на профитот, наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.
Познавачи на функционирањето на платформите, но и светски медиуми, пренесоа дека можеби станува збор и за намерно исклучување на серверите, поради кражба на податоци. За протекувањето на билиони кориснички сметки, се известуваше и пред недела и половина.
Зошто не работи Фејсбук, но и Инстаграм и Ватсап
pic.twitter.com/pMUjwtYP8S
— Skopje1.mk (@Skopje1mk) October 4, 2021
