Според Би-Би-Си, станува збор за отпишан авион што компанијата го продала и што го носел трактор по градските улици, но некој очигледно погрешно ја проценил висината на авионот. Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, покажува како се отстранети крилјата на авионот, што е стандардна процедура кога станува збор за транспорт на отпишани авиони, пренесува „Јутарњи лист“.
Новинарот Ашоке Рај, специјализиран за воздухопловство и воздушен транспорт, кој го објави видеото на Твитер, исто така ја сподели реакцијата на компанијата.
– Ова е нерегистриран, отпишан авион на Ер Индија што беше продаден. Го транспортираа новите сопственици. Ер Индија нема никаква врска со овој настан – објаснија од компанијата.
Претставниците на аеродромот во Делхи за тамошните медиуми изјавија дека авионот „сигурно не припаѓа на флотата што може да се види на тој аеродром“ и дека најверојатно е вина на возачот кој управувал со камионот. Видеото досега привлече илјадници луѓе, а сите се прашуваат како е воопшто возможен овој инцидент, пишува Би -Би -Си.
#WATCH An @airindiain plane ✈️ (not in service) got stuck under foot over bridge. Can anyone confirm the date and location?
The competition starts now👇 pic.twitter.com/pukB0VmsW3— Ashoke Raj (@Ashoke_Raj) October 3, 2021